„Добри гости“ – серија книжевни гостувања (vol.5 – Куманово)

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денес со почеток од 19:00 часот издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје ќе го реализира и петтото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

На петтото издание на „Добри гости“ во Куманово ќе учествуват: Санде Стојчевски, Весна Ацевска, Петар Андоновски, Андреј Ал-Асади, Марија Ангеловска, Д. А. Лори, Снежана Стојчевска, Драган Атанасов, Ива Петровска, Дејан Величковски, Дамјан Златановски, Никола Наумовски, Драгана Стојадиновска, Сара Ѓорѓијоска, Росица Митиќ, Билјана Станковска, Даниел Стојчевски, Андријана Ѓорѓевска, Андреј Анѓеловиќ, Софија Величковска, Ана Манасиевска и Ива Додевска.


Настанот ќе го модерираат Јулијана Величковка и Андреј Медиќ Лазаревски.

„Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2024 година со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …