Евангелие по Ф.М. Достоевски од Српско народно позориште вечерва на 48 МОТ

17.11 2023

Работилница: Карневал за „Себеси“


12:00 ФДУ Ментор: Мирза Метин

Оваа работилница претендира преку серија на физички и вокални вежби учесниците да доживеат автокарневалско искуство. Вежбите главно се составени од вокални и физички анализи на традиционални курдски танци и песни. Различните овчарски гласови се исто така една од темите што се провлекува низ овие вежби. Во вториот дел од работилницата ќе се користи и сопствената културна, физичка и вокална меморија на учесниците.


ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0

18:00 МКЦ Галерија 2


Со цел преку поддршка на кревката локална сцена да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на продукција во полето на современите изведувачки уметности, во 2021 година, Тиииит! Инк. ја формираше Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ  ИДНИНИ. Како продолжение на програмата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0, годинава локален интердисциплинарен колектив развива феминистички преформанс, чијашто премиера е планирано да се случи во рамки на програмата МОТ+. МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА е нивниот проект, кој допира до актуелни феминистички прашања преку преиспитувањето на можностите за радикална самоопределба и идентитетска трансформација. Поаѓајќи од истоимената монодрама на германската авторка Карен Јес (DIE KATZE ELEONORE, Caren Jeß), тие ги истражуваат овие централни прашања од феминистичкиот и родовиот дискурс, но и можностите за колаборативна изведувачка практика, која се води од дијалогот помеѓу теоријата и уметноста. Истражувајќи преку комбинирањето на различни перформативни медиуми – видео, трансформација на простор, звук, тело, говор и авторски текст, колективот се занимава и со сопствената позиција во локалниот уметнички контекст, преведувајќи го изворниот текст и како израз на индивидуалната и колективна криза на припадност и неприпадност. Во рамки на презентацијата на платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0 која Тиииит! Инк. ја реализира во соработка со ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, ФДУ Скопје и МОТ, ќе бидат претставени фрагменти од досегашната работа на перформансот преку кои ќе може да се увидат некои од основните принципи и методи на работа на колективот.

 

Евангелие по Ф.М. Достоевски

20:00 МКЦ сала 25 мај

автор: Фјодор М. Достоевски режија; Јернеј Лоренци

 

Достоевски целиот свој живот се обидувал да навлезе во суштината на тоа кои сме навистина, признавале ние или не.

Филозофскиот фокус на „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ е сконцентриран околу прашањата дали Бог постои и ако постои, зошто создал таков пекол на Земјата каде што живееме во толку многу болка и страдање; и ако не постои, каква надеж имаме за да излеземе од оваа беда и суровост? Лоренци и Старина првенствено ги поставуваат овие прашања со прикажување приказни за детските страдања. И навистина, детето е толку важен лајтмотив, што сликата на детето е на постерот за претставата (младиот Раскољников). Да го преформулираме прашањето на почетокот на параграфот – ако децата како најневини човечки суштества толку многу страдаат на Земјата, дали тоа е доказ дека Бог не постои или дека е крајно суров?

Играат:
Радивој Ќупиќ, Лидија Стевановиќ, Ненад Пеќинар, Марија Меденица, Сонја Кеслер, Нина Пророчиќ Рукавина, Душан Вукашиновиќ и Димитрије Аранѓеловиќ

Сценографија: Бранко Хојник
Костимографија: Белинда Радуловиќ
Композитори: Бранко Рожман, Димитрије Бељански
Кореографија: Грегор Луштек
Дизајн на светло: Бранко Хојник, Јернеј Лоренци
Соработник на текст: Матиц Старина
Асистент на режија: Ана Јанковиќ Исидора Куленовиќ
Асистент на сценографија: Даниела Матовиќ
Асистент на костимографија: Снежана Хорват

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …