Дневен хороскоп за петок (24.11.2017)

Овен
Работите поврзани со банкарството за вас стануваат интересни и вие најверојатно ќе посакате да се сретнете со некој кој има можност да ви најде соодветно работно место. Вeрувате дека е можно да се договорите со некој Лав или некоја Водолија околу некој нов проект кој за вас би можел да биде многу значаен.

Бик
Напорен ден ако по секоја цена сакате да направите нешто што ги надминува вашите физички и финансиски способности. Ако се занимавате со егзактна работа или ако ви е потребно знаење од егзактните науки, можете да бидете многу успешни. Трудете се да им бидете од корист на оние кои сметаат на вас. Во рамките на семејството сте многу дарежливи и подготвени да го направите тоа што од вас се очекува.


Близнаци
Најверојатно ќе ја обновите соработката со еден Стрелец. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој некогаш сте работеле добро, иако можеби сте имале проблеми во работата со некој воден знак, обидете се да го поправите односот без многу нервоза. Добро се сложувате со оние кои се амбициозни и имаат многу нови идеи и очекуваат од вас да ги поддржите. Прилично сте нервозни бидејќи имате впечаток дека сте во некаков вид на неизвесност.

Рак
Ако планирате приватна работа за која ви е потребна поддршка од членовите на семејството но и кредит, ќе бидете најверојато во состојба да донесете одлука не размислувајќи многу за последиците и сите препреки со кои би можеле да бидете соочени, особено ако не бидете доволно трпеливи. Не дозволувајте никој на било кој начин да ве попречи во она што сте го планирале.


Лав
Очекувајте повик од еден Јарец, Риба или Рак кои работат во приватна фирма. Денот е поволен за оние кои се склони да влезат во работа за која немаат никаква гаранција но сепак несакаат да ги пропуштат добрите шанси за заработка. Денот е особено поволен за лицата кои се занимаваат со бизнис со продажба.

Девица
Денот е позитивен без оглед со што е занимавате. Имате потреба за истакнување и тоа не го криете. Сонувате за некоја голема работа или проект кој ќе ве прослави. Внимавајте да не направите погрешна проценка во работата во која во последно време сте малку немарни и нетолерантни кон неистомислениците.


Терезија
Иако оставате впечаток на самокритично лице сепак не ги прифаќате советите на другите. Не сте подготвени да бидете пореални во согледувањето на проблемите поради што ќе ја пропуштите шансата за разговарате за нешто што на долг рок за вас би можело да биде многу корисно. На некој му е многу важно да се сретне со вас и да ви предложи заедничка соработка.

Скорпија
Ќе добиете некаква понуда од Вага, а вие всушност посакувате понудата да биде од некоја Девица, Јарец или Бик. Внимавајте на брзоплетите одлуки, тие воопшто нема да ви помогнат. Ќе добиете понуда да одите со некого заедно на пат, но вас поради тоа што не ви се допаѓа личноста, нема да прифатите, па затоа најверојатно ќе испуштите неколку добри деловни шанси. Внимавајте на односот со семејството.

Стрелец
Премногу се нервирате што не сте успеале во нешто што сте го замислите дека е поволно за вас. Сепак, би требало да бидете малку пореални и да не очекувате само големи нешта. Имате силна конкуренција. Се чувствувате добро во друштво на Овен или Водолија, тие ви ги поттикнуваат позитивните мисли.

Јарец
Можен е ненадеен состанок, на кој можете да изгледате прилично неподготвено и непрофесионално, доколку дојде до тоа, не се напрегајте, бидете професионални и со смирен говор искажете ги вашите мислења. Ако добиете понуда од некоја приватна успешна компанија, размислете дали би сакале повторно да се докажувате на некое друго место со цел да стигнете до вашата моментална позиција.

Водолија
Добро се согласувате со огнените знаци особено со Овен бидејќи ве подржува во сите говори без да размислува за тоа. Добро ќе ви оди соработката со странци. Попуштете им на поискусните колеги бидејќи не сте секогаш во право. Потпрете се на некој Бик или друга Водолија. Не навлегувајте во непотребни расправии со Јарец или Скорпија.

Риби
Се што би сакале да направите би можело да ви донесе некои помали проблеми, бидејќи не размислувате трезвено и се залетувате по парите. Одлична ќе ви биде соработката со Терезија. Имате прилика за успех ако бидете малку послушни и ги послушате поискусните работници. Дарежливи сте но само кон себе, па ќе си купите некој полуксузен предмет кој одамна го посакувате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …