Димче Мешковски денес ќе го прославеше својот 78-ми роденден

Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер  и хуморист. Исто така тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

Матична сцена на Мешковски била Драмски театар – Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.


Добитник е на повеќе награди; Награда за најдобра машка улога (за ликот на Секула) во претставата „Солунски патрдии“, во режија на Коле Ангеловски (1979), Награда Војдан Чернодрински за претставата Викенд на мртовци во режија на Коле Ангеловски (1985), Награда за најпопуларно ТВ-лице според анкетата на „Екран“ (1988), Награда за претставата „Болва в уво“ за најдобра машка улога (1991), Награда „13 Ноември“, Награда „Ристо Шишков“, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2007).

Почина на 20 март 2023 во Лос Анџелес.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …