RGB tiff image by MetisIP

Денеска на Скопје филм фестивал три филмови од три различни програми

На програмата на Скопје филм фестивал, денеска, се филмовите од селекцијата Европски филм и од програмите Панорама на светскиот филм и Фокус на францускиот филм, ќе се прикажат во киното Фросина.

Програма за 25 април:


Кино Фросина
ЧИСТИ СРЦА /PURE HEARTS (2017)
Режија: Roberto DePaolis
Улоги: Selene Caramazza,
Simone Liberati,Barbora Bobulova,
Italy, 115 min.
Филмот ја имаше својата премиера на Канскиот филмски фестивал, а режисерот Роберто де Паолис е нов, свеж глас во италијанската кинематографија. Филмот на деликатен начин го критикува подемот на христијанскиот фундаментализам во Италија денес и односот на земјата кон ромското население.
„Чисти срца“ е деликатна и емотивна приказна за првата љубов на двајца млади додека се справуваат со непријателско опкружувањето поради економски, социјални и религиозни притисоци – што е многу актуелно во денешна Италија. Снимен е со голема вистина и интегритет – поздрав на неореалистичниот стил на италијанскиот филм од златната ера.

19:00h
ИЗВЕШТАИТЕ ЗА САРА И САЛИМ / THE REPORTS ON SARAH AND SALEEM (2018)


RGB tiff image by MetisIP

Режија: Muayad Alayan
Улоги: Maisa Abd, Elhadi, Adeeb Safadi, Sivane Kretchner
Palestine/Netherlands/Germany/
Mexico, 127 min.
Филмот ја раскажува приказната за две двојки на спротивните страни од израелско-палестинскиот конфликт.
Оваа психосоцијална драма со елементи на политички трилер вешто ги доловува тензиите, како физички така и ментални, меѓу источен и западен Ерусалим и покажува како општествените норми спречуваат секаква форма на нормализирани односи меѓу Израелците и Палестинците.

21:00h
КРВАВО МЛЕКО /BLOODY MILK (2017)
Режија: Hubert Charuel
Улоги: Swann Arlaud, Sara Giraudeau, India Hair
France, 90 min.
Млад, осамен сточар опседнат со својата работа ќе направи сѐ за да ги спаси кравите од заканата од епидемија што може да ги уништи во овој неконвенционален ноар и личен прв игран филм на Убер Шаруел, „Крваво млеко“, искрен поглед кон руралниот живот кој си подигрува со трилерските конвенции. Секојдневниот живот на сточарите ретко е тема во француската кинематографија.
Вешто раскажувајќи ја едноставната приказна, режисерот максимално ја користи извонредната изведба на Сван Арло и на споредните ликови кои се многу реални (напорната мајка, локалната пекарка во потрага по маж, пријателите) за да ни донесе нежен филм што истражува едно драматично социјално прашање. Филмот, пред сѐ, е деликатен портрет на осаменоста на еден маж кој целосно е посветен на земјата и животните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес почнува Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со …