Денес се сеќаваме на Нико Нестор – основоположникот на македонското маратонско пливање и првиот Македонец што го преплива Ла Манш

Нико Нестор (роден како Никола Несторов) е роден во Струга на 19 јуни 1934 година. Тој беше основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш. Тој бил предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставиле основите на македонското маратонско пливање.

На републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година година Нестор го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга. А една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направил и историскиот подвиг – станал првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш.


Починал во Скопје на 26 февруари 2016 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јас сум ДОКТОРКА и не би ја јадела оваа храна ни во лудило затоа што сакам да бидам ЗДРАВА“: Последната храна на црната листа ги ШОКИРАЛА сите

Докторката Џесика Кис од Калифорнија, која е специјализирана за семејна медицина, издвоила пет јадења, односно …