Започна 6-то издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонски филм

Вчера започна шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ која е организирана од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). И оваа година „Златна рамка“ повторно ги носи најновите домашни филмски остварувања пред публиката. Настанот ќе се одржи во киното Фросина во Младинскиот Културен Центар во Скопје и ќе трае до 20:00 јуни, а влезот е бесплатен.

Од возбудливи драми до документарни филмови кои предизвикуваат размислување, Филмската ревија „Златна рамка“ нуди неспоредлива можност за филмските ентузијасти да се нурнат во креативноста и талентот на македонските филмаџии.


Ве очекуваат ексклузивни проекции: Бидете меѓу првите што ќе ги видите новите македонски филмови кои не се дел од редовната кино – програма. Поддржете ја македонската кинематографија: Вашето присуство помага во негувањето и поддршката на македонската филмска индустрија.

Настанот е поддржан од Агенција за Филм на Република Македонија.


Светла, камера, акција! Се гледаме во кино!

Подолу погледнете ја целокупната програма.


 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …