Денес се сеќаваме на еден од доајените на македонското современо сликарство Танас Луловски – Тане

Танас Луловски – Тане е роден на 20 февруари 1940 година во Желево, Егејска Македонија. Тој беше македонски сликар, еден од доајените на македонското современо сликарство.

Танас бил дел од децата бегалци за време на Граѓанската војна во Грција. Тој со голем број други деца заминал за Бела Црква, Војводина каде го завршил основното и средното образование. Подоцна заминал за Романија, каде во 1967 година завршил Институт за ликовни уметности „Николае Глигореску“, и каде ја направил првата самостојна изложба. Во 1968 година учествувал во изложбата „Наше минато“ во Скопје.


Бил член на Друштвото на уметниците на Македонија. До 1985 година работел како уметник на слободна практика. Со италијанска државна стипендија специјализирал во Академијата за ликовна уметност во Рим. Од 1985 година предавал живопис на факултетот за ликовна уметност на Скопскиот универзитет. Бил носител на многу македонски и меѓународни награди. Во јули 2006 година професото д-р Владимир Величковски издал монографија за Луловски.

Починал во Скопје на 2 август 2006 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …