На денешен ден е роден нашиот поет, драмски писател и преведувач Васе Манчев

Васе Манчев е роден на 20 февруари 1949 година во с. Робово, Струмичко. Завршил Филолошки факултет во Белград, а подоцна станал доктор по филолошки науки. Бил уредник на списанието „Разгледи“, а работел и во Радио Телевизија Скопје. Исто така, бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар, а во Друштвото на писателите на Македонија членува од 1980 година. Од 1987 до 1993 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Манчев е автор на книгите: Суша и душа (раскази, 1977), Подгорен корен (раскази, 1979), Клето лето (раскази, 1983), Јадигар (драма, 1984), Кршалнига (драма, 1984), Бледица (драма, 1985), Чинки (раскази, 1987), Подигравки (драми, 1988), Инакво лице (роман, 1988), Тажни свечености (избор раскази, 1988), Насушна сушност (раскази, 1989), Залудни раскази (1993), Големи богови, мали богови и привиденија (поема, 1994), Свирепа вечност (поезија, 1995), Измислена душа (раскази, 1996), Амин (роман, 1998), Сиреч (раскази, 1998), Волшебно време (раскази, 2000).


Добитник е на наградите: „Рациново признание“ и „Стале Попов“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …