Денес се сеќаваме на Диџеј Бабура, кој прерано не напушти на денешен ден во 2016 година

Диџеј Бабура, со вистинско име Љупчо Петровски е роден во 1972 година. Тој беше познат македонски диџеј.

Почетоците му датираат од неговиот ангажман во радиото „Мега ФМ“ (заедно со колегата диџеј Хитмен) во почетокот на 1990-тите. Подоцна, Бабура се префрлил во редовите на “Антена 5” радио, каде што останува сè до почетокот на 2000-тите. После тоа станува дел од екипата на „Сити Радио“.


Диџеј Бабура најчесто пуштал хаус музика, а настапувал и паралелно со најпознатите светски диџеј-имиња кои гостувале во Македонија.

– Ја делел бината со диџеј Тиесто на неколку концерти низ југоисточна Европа.
– Излегол негов миксан компакт диск од едицијата „Витамини“ во издание на „Сити Радио“.
– Го издал ремиксот на песната „Ајде Да Летаме“ на Каролина Гочева и Новоградска (1. Радио верзија, 2. Денс верзија, 3. Инструментална верзија).


По кратко боледување, Диџеј Бабура починал во Скопје на 22 јануари 2016 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …