Денес се сеќаваме Александар Ѓурчинов – режисерот на култниот филм „Исправи се Делфина“

Александар Ѓурчинов – Ацо е роден на 30 јануари 1934 година во Скопје. Тој беше македонски филмски режисер и сценарист, најпознат по своето дело Исправи се Делфина.

Во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимавал со кино-аматеризам. Во 1958 година го добил првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм „Дубровски“ на режисерот Вилијам Дитерле. Ѓурчинов бил и асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз. Долги години бил директор на „Македонија филм“ од каде дал голем придонес за македонската кинематографија.


Добитник е на наградите во 1966, Награда „11 Октомври“ за „Весници, весници“ во 1977 на ФЈИФ Пула, Бронзена арена за режија за „Исправи се, Делфина“, во 1977 на ФФ, Бања Лука,Трета награда за сценарио за „Исправи се, Делфина“, во 1978 на МФФ на спортски филмов во Париз, Награда CIDALC истортака за Исправи се, Делфина“.

Починал во Скопје на 11 септември 2015 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …