Денес роденден слави нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски-Иџе

Игор Стефановски-Иџе е роден во Скопје на 27 декември 1983 година. Тој е најдобриот и најтрофејниот македонски професионален автомобилист.

Моментално се натпреварува во European Touring Car Cup (ETCC). Инаку претходно Стефановски  се натпреварувал во Европското првенство на ридски патеки, кое го освојувал во три наврати, во 2014, 2015 и 2023 година.


Во својата прва сезона во ЕКТА тој е дел од словенскиот тим ЛЕМА Рејсинг и вози автомобил СЕАТ Леон кап рејсер. Во 2017 повторно настапува во првенството на ЕКТА, овој пат со свој тим кој го носи неговото име. Возилото е Сеат Леон TCR.

Стефановски е најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Иџе е избран за Најдобар спортист на Македонија во 2014 година.


Среќен роденде Иџе, ти посакува редакцијата на Екран и ти посакува многу здравје и уште многу успеси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …