Дали нашата иднина ќе изгледа како на Тајван? Вака изгледа „новата нормалност“!

Многу може да се научи од борбата против коронавирусот во Тајван. Меѓу другото, како да се дејствува кога ќе заврши пандемијата.
Ниту една друга земја не била толку загрозена. Тајван е оддалечен само 130. километри од кинескиот брег. Неколку стотици илјади Тајванци живеат во Кина, а над два милиони Кинези ја посетија оваа островска држава минатата година. Врските се тесни.
И’ покрај ова, досега се пријавени само 500. заразени и шест мртви од заразата во Тајван – на 23. милиони жители. Статистички, во светот нема земнја која подобро се справува со пандемијата.
„За разлика од буквално секоја друга земја, Тајван неверојатно го совлада првиот бран на коронавирусот“, вели Рајан Хас, експерт во Американски Брукингс. Тајната на Тајван веројатно лежи во брзата реакција. Уште во декември минатата година, кога се појавија првите вести за мистериозна пневмонија во кинеската градска област Вухан, во Тајван се појави аларм. Сеќавањето на пандемијата САРС од 2003. година со стотици заразени и 73. мртви е сè уште свежа – властите се во состојба на приправност.
На 31. декември, Тајван беше првиот што ја извести Светската здравствена организација (СЗО) за опасноста од пренесување на коронавирусот од личност до личност, во време кога ситуацијата во Кина сè уште не беше сфатена сериозно. Сепак, никој не одговори на оваа електронска пошта.
Затоа американскиот претседател Доналд Трамп подоцна го обвини СЗО дека ги игнорирал раните предупредувања. Доидуша, Трамп за да ги скрие проипустите во својата земја, и ја прекина помошта на организацијата, која ја обвини дека е премногу пријателски настроена кон Кина.
Со оглед на тоа што Кина сè уште го смета Тајван како дел од својата територија, оваа островска земја не е членка на СЗО. Откако претседателот Каи Ингвен дојде на власт во Тајван во 2016. година, што е особено критично кон Кина, СЗО повеќе не дозволува ниту улога на набудувач – на притисок на Кина.
Всушност, СЗО го смета Тајван како дел од Кина. Ова делумно има апсурдни последици: по избувнувањето на пандемијата во Кина и предупредувањето на СЗО, земји како Италија и Виетнам ги откажаа летовите кон Тајван, иако во тој момент немаше заразени. Затоа, многу Тајванци мораа да останат во странство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …