ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ПОДЕЛЕНИ БИОРАЗГРАДЛИВИ ТОРБИ ВО НАСЕЛБАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

Веднаш штом стапи во сила обврската за наплата на пластични кеси од новиот Закон зауправувањесопакување и отпадодпакување, компанијата Mozzartзапочна голема еко акција. Заштитата на животната средина и екологијата се еден од приоритетите во општествено одговорното работење на компанијата Mozzart. Веднаш штом стапи во сила обврската за наплата на пластични кеси од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, регионалниот лидер во приредување игри на среќа започна голема акција за поделба на биоразградливи торби! Жителите на населбата Ѓорче Петров овој викенд беа пречекани со изненадување – на пат кон пазарот добија еко торби за пазарење кои ќе можат да ги користат наместо кеси. This image has an empty alt attribute; its file name is mozart-eko-3.jpg “Одличен подарок е, торбата убаво изгледа и многу е погодна за секојдневно пазарење. Се случува да заборавам да понесам торба, а не сакам да купувам пластични кеси кои се штетни за природата, па оваа торба навистина добро ќе ми дојде.” – рече Јулија од Скопје, која често го посетува овој пазар. Акцијата ќе продолжи и наредните недели на градските пазари и на останати прометни места, а вкупно ќе бидат доделени околу 2.000 еколошки торби за пазарање! This image has an empty alt attribute; its file name is mozart-eko.jpg “Преку низа општествено одговорни акции, се трудиме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина. Пластичните кеси се многу штетни за околината, додека платнените торби за пазарење се одлична алтернатива. Затоа одлучивме на нашите сограѓани да им ги поделиме овие подароци, веруваме дека ќе им бидат од голема корист.” – нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.
Од регионалниот лидер најавуваат дека и во наредниот период ќе организираат акции кои ќе бидат насочени кон зачувување на животната средина и разубавување на нашата зедница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …