Чувајте ги емоциите од овој зодијак: Ова е најнечувствителниот знак во хороскопот

Нивното срце е камено
Јарец
Нечувствителни и мрзоволни грамади, камени лица, камено срце. Убедени се во својата големина и незаменливост, прикриени деспоти доколку тоа не можат отворено да го покажат, а јавни тирани доколку им се даде било каков облик на власт, било да станува збор за работа или партнерски однос.
Сите ги мразат и критикуваат, сметаат дека треба да се почитува само нивниот збор како и беспрекорно да се слуша.А, кога се во подредена ситуација бемилосно се додворуваат на оние кои се над нив, бидејќи сакаат да успеат, а за тој успех не им е важно што треба да направат.
Во суштина се ужасно несигурни, се плашат и од себе, се плашат од други, се плашат од неуспех, се плашат да се отворат емотивно, па од тие стравови ги покажуваат најлошите особини на својата личност.
Кога ќе збеснат, невозможно е да се контролираат, можат да бидат ужасно агресивни и неверојатно свирепи. Циции се и за материјални и за емотивни работи, доколку сметаат дека сте неподобни да им бидете партнер можат да ве држат покрај себе некое време, додека не најдат некој попогоден кој ги исполнува условите за брак и семејство. Доколку сакате да избегате од овој однос, бидете свои, слободни и ексцентрични, тие не го поднесуват тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …