Читаме џез со Џијан Емин

Денес со почеток во 21:00 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, ќе слушнеме свежи звуци изведени од нашиот сè-лектор Џијан Емин, во оригинална соработка со авангардно, револуционерно и шармантно трио.

Ве очекува оригинална музика исполнета од:


Џијан Емин – клавијатури, мелодика, вокал
Георги Шарески – гитара
Оливер Јосифовски – бас
Александар Петров – тапани

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Под мотото „Читаме џез“ започнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе може да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата. Љубителите на читањето и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во овој несомнено храбар концепт кој би можел да се опише преку три едноставни, но многу силни и значајни зборови: „Литература, музика, култура“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …