ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

Денеска се празнуваат Светите маченици Агатопод и Теодул

Светите маченици Агатопод и Теодул Првиот беше ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајка на христијаните овие двајца беа повикани на суд. Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден другиот за рака …

Повеќе »

Денеска се празнува Преподобен Јосиф Песнописец

Преподобен Јосиф Песнописец Роден е во Сицилија од благочестиви и добродетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите премина во Солун, каде што се замонаши. Како монах на сите им беше пример во постот, во крајната воздржливост, непрестајната молитва и псалмопеење, бдеењето и трудољубивоста. Солунскиот епископ го ракоположи за …

Повеќе »

Денеска се празнува Свети Никита Исповедник

Свети Никита Исповедник Роден е во Витинија во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му. Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за …

Повеќе »

Денеска се празнува Преподобен Тит Чудотворец

Преподобен Тит Чудотворец Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и …

Повеќе »

Денеска се празнува Света Марија Египетска

Света Марија Египетска Житието на оваа светителка го напиша ерусалимскиот патријарх Св. Софрониј. Еден свештеномонах, старецот Зосим, се оддалечи еднаш за време на Чесниот Пост во Задјорданската пустина на растојание од дванаесет дена одење. Одеднаш здогледа едно човечко суштество, суво, голо во телото, со коса бела како снег, кое веднаш …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски

Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот …

Повеќе »

Денеска се празнува Преподобен Јован Лествичник

Преподобен Јован Лествичник Писателот на прочуената Лествица. Однекаде дојде на Синајската Гора како шеснаесетгодишно момче и остана овде, прво како послушник, потоа како отшелник и на крајот како синајски игумен до осумдесеттата година од животот, кога се упокои (околу 563 година). Неговиот животописец, монахот Даниил, за него вели: „Со телото …

Повеќе »

Денеска се празнува Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија)

Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија) За неговото страдање известуваат Св. Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар …

Повеќе »

Денеска се празнува Светата маченичка Матрона

Светата маченичка Матрона Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ? се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ? одговараше на својата госпоѓа, …

Повеќе »