(ФОТО) Британската влада одлучила: Принцот, поради скандал, останува без големи почести!

Британската влада во четвртокот ја променила праксата за кревање на знамето за кралските родендени и тие повеќе нема да се истакнуваат за роденденот за со скандал погодениот принц Ендрју.
Промената е воведена за да ги опфати припадниците на кралското семејство кои се повлекле од јавноста и повеќе не ги извршуваат кралските должности.
Принцот Ендрју 60. роденден го слави на 19. февруари.
Вториот син на кралицата Елизабета се повлекол од јавноста после катастрофанлното телевизиско интервју во кое го бранел своето пријателство со починатиот Американец, Џефри Епштајн, кој бил обвинет како сексуален предатор.


Според досегашните правила, кревањето на британската застава ги одбележувало родендените на британската кралица и нејзиниот сопруг, денот на нивната венчавка како и родендените на нивните четири деца како и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.
Ендрју ги негира тврдењата дека имал интимни односи со 17. годишна девојка која му ја наместил милионерот Епштајн, кој во август е пронајден мртов во затвор.



Принцот бил изложен на силни критики на јавноста бидејќи не објаснил на соодветен начин зошто не ги прекинал врските со него кога во јавност се појавиле обвинувачки информации и поради тоа не покажал емпатија кон наводните жртви на Епштајн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот истакнат актер Јон Исаја

Јон Исаја е роден во Тетово на 5 јануари 1915 година. Тој беше македонски филмски, …