БОРБА СО ДРЖАВАТА – Оваа жена судот уште во 2017. година ја прогласил за МРТВА: Сите документи и се неважечки и се обидува да докаже дека е ЖИВА но системот НЕ ЈА СЛУША!

Нејзината „смрт“ е резултат на долготраен правен спор во кој учествувал поранешен вработен во нејзината компанија за чистење.
Жана Пушан од Франција по грешка била прогласена за мртва во 2017. година, а сето ова време 58-годишничката се бори за „оживување“.
Пушан објаснила дека нејзината „смрт“ е резултат на долготраен правен спор во кој учествувала поранешна вработена во нејзината компанија за чистење, која кулминирала откако апелациониот суд во Лион ја прогласил за мртва во ноември 2017. година.


Таа не одговарала долго време на писма
„Отидов да се консултирам со адвокат, кој ми рече дека ќе се реши брзо затоа што бев со мојот лекар, кој потврди дека сум уште жива. Но, бидејќи е донесена законска пресуда, тоа не беше доволно“, рекла несреќната жена.
Во 2004. година, Пушан однела поранешна вработена во индустриски суд откако била отпуштена бидејќи нејзината компанија за чистење изгубила важен договор. На вработената и е доделен надоместок во износ од 14.000 евра, кој никогаш не и бил исплатен, бидејќи случајот бил воден против компанијата, а не лично против лично Пушан.
По пет години, вработената повторно го тужела поранешниот шеф, но судот го отфрлил случајот. Неколку години подоцна, таа му рекла на судот дека испратила писма до неа, но дека никогаш не им одговорила. Според тоа, судот заклучил дека Пушан – починала.

Бесконечно повлекување низ судовите
На нејзиниот син и сопруг тогаш им било наредено да платат отштета. Како резултат, Пушан била избришана од сите службени записи и, покрај тоа, нејзината лична карта, возачка дозвола, банкарска сметка, здравствено осигурување и службени документи се неважечки.
Пушан ја обвинила поранешната вработена дека ја фабрикувала нејзината смрт за да добие надомест, додека адвокатот на поранешната вработена тврди дека таа била таа што се претставила дека е мртва така што не одговарала на писмата за да го избегне плаќањето на долгот кон жената.
„Немам документи, осигурување, не можам да користам банкарски сметки … Иако сум жива, во моментов не сум ништо, нула. Морам да се борам сама, никој нема да го стори тоа за мене. Неверојатно е што ми се случува, бабата на мојот сопруг има 102 години и таа вели дека видела сè во животот, но никогаш вакво нешто“, заклучи 58-годишната Французинка.

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …