Под влијание на моќниот циклон ХЕКТОР во текот на денешниот ден (сабота) ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина од 80 до 90 км/час.
Времето ќе биде умерено до значително облачно иако понекаде особено во централните и источните предели ќе има повремени сончеви периоди додека на запад повремени локални слаби врнежи од дожд.
Навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден недела најпрво на запад ќе има врнежи од дожд кој полека ќе се шират и во останатите предели. На високите планини на запад ќе има врнежи од снег.
Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот денес (сабота) ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
НАПОМЕНА: Поради силното јужно и југозападно воздушно струење и понатаму од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара па поради ова атмосферата ќе биде заматена, најавуаваат од meteomax.mk .
Бидете внимателни викендов: Нови ненадејни ветришта и врнежи
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.