Барем една убава вест од Бергамо: Се опоравило бебето заразено со корона вирус!

Новороденото бебе после две недели се опоравило од корона вирусот, јавува агенцијата Анса, додавајќи дека бебето е отпуштено од болницата од Бергамо.
Момчето е родено на 11. феврури, но поради висока температура било хоспитализирано на 3. март, после што тој и мајката биле позитивни на тестот за корона вирусот.
Бергамо, на северот на Италија е еден од најзагрозените градови во Италија, во кој се забележани рекорден број на заразени и починати.
„Го имаме првото лице кое оздрави откако беше третирано со експериментален лек“, рекол примариусот на клиниката за инфектини болести на болницата „Сан Мартино“ во Ѓенова, Матео Басети, на конференцијата за новинарите.
Зошто многу луѓе во Италија умираат од корона вирусот?
Според зборовите на стручњак, до ова дошло затоа што првиот пациент кој бил инфициран во земјата бил во асимптоматична фаза, односно не покажувал никакви индиции дека е заразен со корона вирус. Со самото тоа, тоа влијаело заразата да се прошири без детекција.
Масимо Гали, професор од универзитетот во Милано и директор на инфектологија во болницата „Луиѓи Сако“ рекол дека оваа зараза во земјата се проширила „под радарот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …