Балетската претстава за деца „Петар Пан“ викендов на сцената на Балетот

Во сабота 8 февруари 2020, со почеток во 12 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи популарната балетска претстава за деца „Петар Пан“.
Петар Пан е палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.
Кореограф е Џејмс Амар (Франција). Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …