Архитектонска работилница за деца: Музеите на Скопје

По повод четвртиот роденден на Europe House Скопје, како и 60 годишнината од скопскиот земјотрес, во вторник на 14 ноември 2023 година, во просториите на Europe House Скопје, со почеток од 17:00 часот ќе се одржи архитектонска работилница за деца со наслов МУЗЕИТЕ НА СКОПЈЕ.

Четирите значајни скопски музеи, – Музеј на град Скопје, Даут-пашин амам, Музеј на современата уметност и Музеј на Македонија, ќе бидат предмет на работилницата. Работилницата е наменета за 24 деца на возраст од 7-11 години, во 4 групи, кои ќе ги водат архитектите Маргарита Поповска, Милка Черепналковска, Маја Доновски Лукаревска и Мартина Петковска.


Најпрво накратко ќе зборуваме за историјата и важноста на секој музеј поединечно, а потоа секоја група ќе работи на својот музеј, каде децата со разни техники – колажи, цртежи, макети и сл. ќе го прикажат своето решение на поставената задача.

Ве очекуваме на супер дружба!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …