Андерс Рослунд во Скопје: генијалниот автор на крими трилери доаѓа на Саемот на книгата

Денес од 12 часот на штандот на Антолог во арената „Борис Трајковски“ читателската публика ќе има неповторлива можност да се сретне со еден од најуспешните автори на крими трилери на денешнината, Андерс Рослунд. Тој ќе биде специјален гостин на Саемот на книга. Рослунд е познат по своите напнати трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на „Њујорк тајмс“.

Андерс Рослунд е автор на најчитаните „Чук чук”, „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски, и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.


Андерс Рослунд (1961) е шведски новинар и писател. Автор е на трилери и на криминалистички романи. Досега има објавено десет книги како дел од успешните писателски дуети Рослунд и Хелстром и Рослунд и Тунберг. Пишува и под псевдонимот Антон Свенсон. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди. Бил основач на „Вести од културата“ на Шведската национална телевизија а работел и како новинар во црна хроника. Неговите дела се преведени на 31 јазик и продадени во 3 милиони примероци.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …