Адреналинската трилер-драма „Разврска“ во кино „Милениум“

Германскиот филм „Разврска“ со популарните актери Луис Хофман и Оливер Масучи (познати од серијата „Темнина“ на „Нетфликс“ ) од денеска е на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје во терминот од 16.30 часот.

Станува збор за адреналинска трилер-драма снимена во диви планински предели. Филмот е целосно снимен со три GoPro камери прикачени на двајцата главни актери, и практично се „вткаени“ во драматургијата на филмот.  Филмот во режија на Рик Остерман (инаку искусен телевизиски автор), беше дел од натпреварувачката програма на дебитантски филмови на Интернационалниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин.


На 25ти и 25ти месецов „Разврска“ ќе биде прикажан и во Кинотеката на Северна Македонија. Филмот трае 98 минути. Дистрибутер за Македонија е КТ Филм и Медиа од Битола.


Кратка содржина:

Татко и син, отуѓени еден од друг, тргнуваат на едно диво патување. Патувањето се претвора во авантура во која и двајцата мажи треба да се справат со минатото и сегашноста на другиот. Главните ликови во филмот треба да се справат со прашањето – како да се победи отуѓеноста?


Повеќе инфо:

премиера: 19.11.2020
времетраење: 98′
земја: Германија
жанр: Авантура

режија: Рик Остерман

улоги: Луис Хофман и Оливер Масучи

филм од селекцијата на Филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …