Лебот Рустика на „Жито Лукс“ повторно достапен


Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија, „Жито Лукс“ внесува уште еден производ во своето портфолио. Станува збор за лебот  Рустика од линијата Фурнаџиски лебовикој е повторно достапен во продажните места на производите на компанијата.


Лебот Рустика, омилен на многу генерации, е рачно направен од пченично и ‘ржано брашно по стариот, традиционален рецепт. Задржан е и оригиналниот изглед, со препознатливата распукана кора, посипан со брашно, како и карактеристичниот вкус на домашен леб, тукушто излезен од фурна.


„Лебот Рустика претставува одлично надополнување на секој оброк и секоја семејна трпеза. Сега, во време кога почесто сме дома и повторно се собираме околу семејната трпеза, речиси исто како некогаш, со овој леб се навраќаме на мирисот и вкусот од детството. Нашата компанија и во ова време кое налага вонредни услови на функционирање и работа, се стреми и ќе продолжи понатаму да се стреми кон обезбедување на врвен квалитет и вкус за нашите потрошувачи, со цел на ниедна трпеза да не изостануваат лебовите на „Жито Лукс“ – велат од компанијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Која е Алексија од Холандија? Таа се смета за една од најубавите принцези во Европа

Алексија од Холандија станува истакната фигура меѓу помладите членови на европските кралски семејства, привлекувајќи сè …