(ВИДЕО+ФОТО) ДЕЦАТА НА КЕЈТ МИДЛТОН И ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ СЕ ВООДУШЕВИЛЕ: Принцезата останала во сенка на преслатките малечки кои заборавиле дека постојат камери!


Дури и малиот Луис, кој често правеше детски шеги пред камерите, овој пат бил на висина на задачата…
Концертот „Заедно за Божиќ“, кој традиционално се одржува неколку години по ред, а кој го иницираше принцезата Кејт Мидлтон, не останаЛ незабележан ниту оваа година.
Овој важен настан, во чиј центар е британското кралско семејство, предизвика бурни реакции во јавноста и оваа година. Овој пат децата на Кејт Мидлтон дефинитивно го украдоа шоуто и покажаа како модерната монархија се менува од ден на ден.
Иако беше голема ноќ за принцезата од Велс, нејзините три деца го украдоа вниманието на јавноста, бидејќи го направија своето прво заедничко јавно појавување од јуни оваа година.
Принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7) пристигнале во Вестминстерската опатија со своите родители за петтата по ред божиќна служба, чиј домаќин била Кејт.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)


Гламурозниот годишен настан станал вистинска семејна традиција, при што Џорџ и Шарлот присуствуваа по четврти пат, додека Луис беше присутен по трет пат.
Зборувајќи со изведувачите пред службата, Кејт открила дека нејзините деца се „навистина возбудени“ за настанот, додавајќи дека божиќниот концерт „станал вистинска традиција“.


Младите членови на кралското семејство, момчињата во елегантни сини костуми со вратоврски и Шарлот во темно син кадифен фустан со бела јака, биле беспрекорно воспитани кога се сретнале со деканот на Вестминстер, велечесниот д-р Дејвид Хојл, кој ја водел службата.
Семејството Велс, влегувајќи во опатијата, застанало за да ги запише своите имиња на црвени картички кои ги закачиле на Дрвото на поврзувањето, симбол на заедништво и меѓусебна поддршка.
Подоцна, децата седнале на своите места и држеле запалени свеќи додека започнала службата.

Кралскиот биограф Роберт Џобсон за Hello! изјавил:
– Џорџ, Шарлот и Луис покажуваат завидна смиреност на јавните настани и развиле природна леснотија пред камерите и публиката. Ова е, без сомнение, резултат на начинот на кој се воспитани и модерната монархија што ја обликуваат нивните родители. Џорџ е особено интересен, порано изгледаше отуѓен и срамежлив, но сега е сè посигурен. Можеби нема да мора да чекаме долго за да го видиме како чита пасус на една од божиќните служби на неговата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Принцезата Кејт, 43, блескала во зелено палто од Кетрин Вокер со крзнена јака, црни чизми со високи потпетици и впечатливи дијамантски обетки со ѕвезди од британскиот јувелир Робинсон Пелам.
Кралското семејство, како и членовите на нејзиното пошироко семејство, повторно дошле да ја поддржат принцезата на настанот, кој оваа година беше посветен на славење на љубовта во сите нејзини форми.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОВИЕ ПОДАРОЦИ НЕ СЕ НОСАТ НА ДОМАЌИНОТ ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Се верува дека носат лоша среќа!

Ако моментално размислувате што да понесете на забавата како подарок, ова е вистинскиот текст за …