Само неколку дена по премиерата, новата песна „Najskuplja“ на Тијана Дапчевиќ веќе брои речиси 50000 прегледи, а публиката ја поздрави како едно од нејзините најемоционални и најзрели изданија во последните години. Баладата, исполнета со ориентален мелос, балканска чувствителност и драматична оркестрација, уште од првото слушање плени со убавина што опива.
Авторскиот тим зад „Najskuplja“ е составен од реномирани имиња на регионалната музичка сцена. Музиката ја потпишува Andrej Jakšić, текстот е дело на Dragan Brajović Braja и Aleksandar Delić Dinge, додека аранжманот го создаде Adis Sirbubalo.
Песната е снимана во студиото Modra Rijeka во Сараево, а за финалниот звук се погрижи Igor Ivanović со микс и мастеринг.
Видео-записот е вистинска мини-кинематографија, потпишан од Антонио Павловски од Storyteller production, кој стои зад сценариото, режијата, камерата и монтажата. Интимниот амбиент, играта со светло и сенка, и препознатливата актерска вештина на Тијана создаваат атмосфера која ја нагласува болката, копнежот и драмата што ги носи самата песна.
Со „Najskuplja“, Тијана Дапчевиќ уште еднаш покажува дека знае како да ја спои својата моќна вокална емоција со силна приказна и врвна продукција. Ова е песна што не само што се слуша – таа се доживува.
ekran платформа за слободоумни