Американскиот модел од палестинско потекло Бела Хадид на социјалните мрежи се осврнала на својата борба со Лајмската болест. Дијагностицирана ѝ е во 2013 година.
„Кога вашата хронична болест е хронична и некој вели: „Секогаш нешто ви се случува. Да… Може да се каже дека болеста е хронична“, се вели во објавата што ја сподели на својот Инстаграм профил.
Таа, исто така, ја сподели објавата на инфлуенсерката Александра Вајлдесон со наслов „Дуалноста на живеењето со хронична болест“ и додала:
„Медицинската анксиозност е толку реална. Ви благодарам што ја кондензирате секоја моја мисла и секојдневна ситуација во една објава. Ова е вистината“.
View this post on Instagram
Медицинската или здравствената анксиозност значи интензивен страв и грижа за сопственото здравје.
Некои корисници на социјалните мрежи модеелот го нарекуваат лицемерка затоа што носела модна ревија на „Викторија Сикрет“ кратко по фотографиите на кои лежи на болнички кревет. Таа постојано објаснувала дека симптомите на Лајмската болест варираат.
View this post on Instagram
Нејзината мајка, Јоланда Хадид, претходно напишала дека гледањето како Бела се бори ја натерало да се чувствува безнадежно. Таа додала дека се восхитува на нејзината храброст и дека е борец кој продолжува да се бори ден по ден и покрај бројните проблеми.
Лајмската болест се пренесува преку крлежи. Прво ја зафаќа кожата, потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни