Очекувајте снег и врнежи


Четврток, четврти јануари, ни носи уште една брза и краткотрајна промена на времето, која за волја на вистината голем дел од народот буквално ќе ја преспие. Атмосферскиот фронт кој што се очекува да ја донесе промена многу бргу ќе се премести преку нашиот регион, со тоа што утре околу пладне веќе нема да има „ниту трага, ниту глас“ од истиот.
Во раните утрински часови очекуваме врнежи низ целата земја со слаб до умерен интензитет. Истите некаде до висина од 600 метри ќе бидат од снег, помеѓу 300 и 600 метри надморска висина тие ќе бидат мешани, односно се очекува лапавица, додека под оваа граница очекуваме дожд.
Во текот на утрото и рано претпладне врнежи сеуште може да се очекуваат во југозападниот крај.
Претпладне, особено долж повардарието очекуваме појава на умерен северен ветер.
Околу пладне ќе има значително разведрување низ целата земја.
Минималната температура ќе има вредности помеѓу -1°С и 2°С во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу -4°С и -1°С.
Денот ќе биде релативно топол. Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 6°С и 8°С во северниот и западниот регион, а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 7°С и 10°С.
Скопската котлина очекува облачно време во раните утрински часови. Околните места кои се на повисока местоположба очекуваат врнежи од снег, додека во централниот дел на котлината очекуваме дожд кој повремено ќе поминува во врнежи од снег. Попладне ќе имаме намалување на облачноста со подолги сончеви периоди. Температурата ќе има минимална вредност околу 1°С, а максимална вредност околу 8°С најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заштита на организмот – Како да се храните во текот на зимските месеци во средина со загаден воздух

Институтите за јавно здравје објавија препораки за исхрана во зимските месеци во урбани средини со …