8 Мај – Светски ден на Црвениот крст

Црвениот крст на Република Северна Македонија секоја година традиционално го одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина во чест на основоположникот на нашето Движење, Анри Динан кој е роден на 8 Мај 1828 година. Исто така во периодот од 8-15 Мај нашата организација ја одбележува и Неделата на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија на 08 Мај 2022 година (недела) на јавниот простор Школка во градскиот парк ќе организира настан од промотивно – забавен карактер за одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвен полумесечина под мотото Биди човечен/ Bëhu njerëzor. Официјалната програма ќе започне во 12:00 часот и ќе трае до 15:00 часот.


This image has an empty alt attribute; its file name is Програма-МКД.png

Во рамки на настанот Црвениот крст ќе ја промовира кампањата по прва помош под мотото Првата помош спасува живот со која е предвидено е да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25000 деца од основни и средни училишта во целата земја. На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основните знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.


This image has an empty alt attribute; its file name is 1.png

На настанот ќе се обратат Претседателот на Црвниот крст на РСМ Ромел Велев, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити, министерот за здравство Беким Сали, директорот на Македонска пошта Васко Стефанов и Државниот секретар на министерството за образование Анета Трпевска.


Ќе ни претставува особено задоволство и чест да присуствувате на настанот со цел заедничка заложба за подигање на јавната свест за важноста за едукација на населението за правилно и навремено пружање на прва помош.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …