(ВИДЕО+ФОТО) 5+ Фамилија со специјална новогодишна програма за деца

Омилената детска ТВ серија и едукативна платформа 5+, заедно со 5+ Бенд, ќе биде дел од специјалната новогодишна програма за деца на МРТВ.


Новогодишната епизода „Мистериозното доцнење на Дедо Мраз“ на 5+ Фамилија ќе се емитува на 31.12.2020 во 20:15 часот на МРТ1 на македонски јазик, како и 5+ Nikoqirëtво 20:00 часот МРТВ2 на албански јазик.


„Изминатите години, најголема предновогодишна забава за деца беа инклузивните концерти на 5+ Бенд,„Сонуваме. Менуваме“. Концертите „Сонуваме. Менуваме“ ги исполнуваа сите седишта од концертните сали на МНТ и МОБ во десетици термини во декември и преку музика, игра и смеа нè потсетуваа дека разликите не треба да нè разделуваат, туку напротив може да нè зближуваат. Сега кога не е возможно заедно да се собереме и да прославуваме, останува да се потсетиме на убавите пораки за пријателство, љубезност и позитивни примери на инклузија преку една специјална новогодишна епизода и една прекрасна нова празнична песна на 5+ Бенд – Снегулки и Ѕвончиња.“ – велат од ОХО Продукција.


Среќни и весели празници на сите дечиња!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …