„40 години на Оргазам“ и во Скопје: Славенички концерт на „Електрични оргазам“ во МКЦ во март

Бидејќи без оргазам сепак нема ништо, Авалон Продукција со задоволство ни најавува:
Нашите стари пријатели Електрични Оргазам во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи Електрични Оргазам за музиката.


Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во вторник (11.02.2020 година) во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн.


Време е да игра рокенрол цела Македонија!
Важно: Се одржува само еден концерт во МКЦ!
Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …