ЗОО Скопје во сабота со хуманитарен настан: „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”


ЗОО Скопје информира дека во сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.

Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно.


Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена.

Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош ќе имаа обраќање на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и Градскиот мешан хор Вардар а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.


Голема благодарност до нашите пријатели и соработници од МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка, кои го поддржаа овој хуманитарен настан, како и до сите учесници.

Ве очекуваме во сабота во Скопје ЗОО и уште еднаш да покажеме дека сме хумани и солидарни!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕДИНСТВЕН ЗБОР КОЈ ИМА ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ВО СИТЕ ЈАЗИЦИ: Експертите го сметаат овој израз за „мост“ помеѓу различните култури

Комуникацијата во странска земја може да биде огромен предизвик, особено кога не го познавате локалниот …