Започнува театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“

Од денес па се до 21 септември на големата сцена во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип, ќе се одржи единаесетото издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“.

Отворањето на фестивалот е од 19:00 часот со перформанс за најмалите со живи статуи пред платото на НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип, а влезот е слободен.


На 18 септември, со почеток во 18:00 часот, ќе биде прикажана еколошката претстава за деца  „Пет и Еко“. Во вторник, на 19 септември, исто така во 18:00часот може да се погледне претставата „Црвенкапа” / НУЦК “Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово. На 20 септември од 20:00 часот „Ајварко, Кифи и мр. Хамбургер“ / НУЦК „Ацо Шопов” – Штип и на 21 септември од 18:00 часот „Во домот на Волшебникот“ / Театар Хит – Скопје.

Билетите за претставите ќе се продаваат по цена од 100 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …