Закажан втор концерт на Петар Грашо во Скопје

Петар Грашо го распродаде првиот и ќе одржи втор концерт во „Македонска филхармонија”. Вториот концерт е закажан за 27-ми април од 21 часот. Првиот концерт на Грашо е ден претходно, односно на 26-ти април. Човекот кој во моментов претставува хрватска институција, ќе имате можност да го гледате и слушате во интимен амбиент во Скопје, каде што заедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови и хитовите на Оливер Драгојевиќ.

Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која веќе 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат.


Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, можат уште веднаш да си купат влезница за вториот. Истото можат да го направат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …