Закажан втор концерт на ,,Фрајле” во ,,Македонска Филхармонија”

После неверојатно брзо распродадениот прв концерт на женското трио ,,Фрајле” во Скопје, во склоп на нивната балканска турнеја „Moje duše duša”, закажан е и втор концерт во ,,Македонска Филхармонија”, објавија организаторите.

Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, а сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, ќе имаат можност тоа да го направат на 15-ти март.


Оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие три вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле” се исклучителни и во обработките.

Концертите на „Фрајле” предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и токму поради тоа закажани се концерти и во Битола на 13-ти март во „Центар за култура”, како и во Струмица на 17-ти март во „Дом на култура”.


Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утревечер во Театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес ќе биде изведена претставата „Лепа Ангелина“

Во вторник, на 18 февруари, со почеток во 20:00 часот, на сцената на велешкиот театар …