(ВИДЕО+ФОТО) ВО 23 КВАДРАТИ СМЕСТИЛ 4 ПРОСТОРИИ: Овој стан е неверојатен! Ова чудо мора да го видите!

Неверојатно е што може да направи добрата организација на просторот…
Минимализмот е она кон што се стреми современото општество. Одамна помина времето кога работевме и ја дававме целата наша плата за да изградиме куќа на три ката во која евентуално би живееле само родителите, додека децата сами би изградиле нова куќа, нова „дупка без дно“.
Луѓето кои не губат време си создаваат економичен простор, а трошат пари на патување и образование.
Денеска ви претставуваме решение за уредување на просторот кој не воодушеви.
Имено, архитектите создале идеално решение за опремување студио во Сиднеј. Се е „скоцкано“ на 23 квадрати – верувале или не!

Доколку влезете во оваа скромна гарсоњера, ќе ви се чинеше дека е многу попространа од наведената квадратура – затоа што просторот е максимално искористен.
Совршено решение за складирање, преградни ѕидови од тешки драперии, кревети на преклоп го создадоа невозможното – во само една просторија имате работна соба, спална соба, трпезарија и дневна соба.


Фото: Принтскрин/youtube/NEVER TOO SMALL

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …