(ВИДЕО+ФОТО) ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО СО ГОДИНИ: Поларен студ во Америка – Нијагарините водопади се заледиле!

ДЕЛОВИ на водопадите Нијагара лоцирани во државата Њујорк на границата меѓу САД и Канада замрзнаа за време на викендот, откако минатата недела температурите во тој дел на Америка се спуштија на минус 18.
Британски „Индипендент“ пишува дека туристите кои се нашле таму вчера можеле да видат и фотографираат големи парчиња мраз како плови по реката, а облаците од пареа и виножитото биле атракција во текот на целиот ден.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by News von ZDFheute (@zdfheute)


Весникот пишува дека, иако на некои фотографии се чини дека водопадот е целосно замрзнат, водата никогаш не престанува да тече, и покрај екстремно студеното време, а големи ледени површини на водопадот се забележани во текот на 2014. и 2015. година, кога областа ја зафатил поларен вортекс.


Како и многу американски држави, државата Њујорк беше погодена од студен бран во последните две недели, а во следните неколку дена се очекуваат повеќе врнежи од снег.
Последен пат вакви сцени на водопадите во Нијагара беа видени во 2017 година, кога на тој дел од земјата падна повеќе од половина метар снег, а водопадот и околните области беа опкружени со мраз.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …