(ВИДЕО+ФОТО) Кејт Мидлтон носи обетки кои чинат само 2. долари, иако е сопруга на британскиот престолонаследник

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, во петокот го посети градот Скарборо за да изврши кралска должност. На настанот таа носела обетки кои чинат само два долари.
Кејт се појави во тесен беж фустан, кој го украси со кафен ремен, палто во слична боја на фустанот, на кое стави црвен цвет и со кафена чанта во раката. Сето тоа го комплетираше со кафени штикли.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


Она што го привлече вниманието на јавноста е тоа што принцезата за накит избрала обетки од популарниот сајт Accessorize чија редовна цена е околу пет долари, но моментално се на распродажба и чинат околу два долари.
Иако не се одлучила за луксузно парче накит со дијаманти или злато, обетките изгледаат елегантно и одлично се вклопуваат со нејзината модна комбинација.



Кејт со овој потег уште еднаш воодушеви многу свои обожаватели, бидејќи, како што велат повеќето, уште еднаш покажа колку е скромна, како и дека „и едно евтино парче, на некој што знае да го носи, може да изгледа скапо и елегантно“.

View this post on Instagram

A post shared by Just Jared (@justjared)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …