(ВИДЕО+ФОТО) Избран е најлош филм на сите времиња од 2008 – и веројатно сте го гледале!

“Twilight” е филмска адаптација на книгите на Стефани Мејер. Главните улоги ги толкуваат Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт кои по вампирската сага станаа планетарно познати.

Посетителите на веб-страницата “Ranker” одлучиле дека “Twilight” е најлошиот филм на сите времиња.
Филмот од 2008 година по кој се појавија и неколку продолженија беше хит помеѓу тинејџерската популација, но се чини дека не ги воодушеви пошироките маси. Токму затоа, нешто повеќе од 30 илјади гласачи кои учествувале во анкетата одлучиле дека кинематографијата не “родила” полоша филмска приказна од оваа за вампирот кој се заљубува во “обична” девојка.


Второто место го заземал филмот “Gigli” со Џенифер Лопез и Бен Афлек во главните улоги, а трет е “Batman & Robin” од 1997 година со Џорџ Клуни и Арнолд Шварценегер. Четвртото место му припадна на филмот “Glitter” со Мараја Кери, а петтото на “Battlefield Earth” со Џон Траволта.
“Twilight” е филмска адаптација на книгите на Стефани Мејер. Главните улоги ги толкуваат Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт кои по вампирската сага станаа планетарно познати.
Инаку, гласањето се уште не е завршено, па така доколку сметате дека “Twilight” не ја заслужил оваа не баш ласкава титула, тоа можете да го промените ТУКА.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …