(ВИДЕО+ФОТО) Херојот од „Сам дома“, Меколи Калкин, ја открил вистината за односот со Мајкл Џексон: „Сега е вистинско време да проговорам!“

Калкин и Џексон се запознале откако момчето станало познато преку филмот „Сам дома“. Тој глумел во неговиот спот „Black and White“ и често престојувал на неговиот имот. Последен пат се виделе во 2005. година, на судењето на Џексон за педофилија.

Меколи Калкин, најпознат во улогата на „Сам дома“, беше најголема детска ѕвезда во деведесетите и близок пријател на Мајкл Џексон, за кого се’ повеќе луѓе тврдат дека бил педофил.
Во документарецот „Leaving Neverland“ за наводните злосторства прозборија две негови жртви, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои раскажале дека кралот на попот сексуално ги злоставувал додека биле деца.


Во таква врска со Џексон често беше доведуван и Меколи Калкин, а актерот сега се одлучи да ја раскаже вистината за својот однос со пејачот.



Калкин дал интервју за „Ексвајер“ и одговорил на прашање кое ги мачело сите медиуми.
„Вака, ќе започнам веднаш со една вистина – никогаш ништо лошо не ми направил. Никогаш не сум го видел дека прави нешто лошо. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов“, започнал Калкин.
„Сега е вистинско време да прозборам и ако имав што да кажам, би кажал сега. Никогаш ништо лошо не ми направил и не сум го видел да прави нешто лошо“, повторил Калкин.

Калкин во интервјуто раскажал дека го сретнал актерот Џејмс Франко откако излегол документарецот за злоставувањата, а актерот го прашал што мисли за тоа и дали би сакал да разговара за Џексон. Калкин одбил.


Калкин и Џексон се запознале откако момчето станало познато преку филмот „Сам дома“. Тој глумел во неговиот спот „Black and White“ и често престојувал на неговиот имот. Последен пат се виделе во 2005. година, на судењето на Џексон за педофилија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …