(ВИДЕО+ФОТО) Една фотографија од „Игри на престолот“ ги шокирала фановите и открила кого нема да го гледаме во продолжувањето

Нетрпението на фановите на „Игри на престолите“ пред излегувањето на првата епизода од последната сезона секој ден се’ повеќе расте, а посебно внимание привлекла една фотографија на социјалната мрежа Инстаграм кој ја споделил Питер Динклиџ.
Динклиџ кој ја толкува улогата на Тирион, со фановите споделил фотографија поради кои многумина се сомневаат дека во продолжувањето на серијата ќе останеме без некои ликови.
На многумина им паднало во очи на фотографијата недостасуваат Кит Харингтон, Лена Хедли и Емилија Кларк, кои ги глумат Џон Снежниот, Серсеи Ланистер и Денерис Таргаријан, па се убедени дека токму овие ликови нема да го доживеат крајот на серијата.


View this post on Instagram

🔥


A post shared by Peter Dinklage (@peterdinklage) on


„Каде е кралот на северот?“, „Значи Серсеи и Џон Снежни умираат во првата епизода?“, „Дали се овие оние кои ќе преживеат до крај?“, „Што се случува, што значи ова?“, пишувале нетрпеливите фанови, но Питер, очекувано, не одговорил на прашањата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …