Младоженецот не можел да ги задржи солзите кога ја видел…
Кога станува збор за венчаницата од соништата глумицата пријанка Чопра побарала помош од дизајнерот кој и’ ја „споил“ со сегашниот сопруг – големиот Ралф Лорен.
Ник Џонас (25) и Пријанка Чопра (36) се запознале на „Мет Гала“ во 2017 на која и двајцата биле гости и носеле креации од познатиот дизајнер.
Она што е интересно е дека ова е една од 4. венчаници кои Ралф се согласил да ги дизајнира во текот на својата 50. годишна кариера. Покрај Пријанка ги потпишал и венчаниците за својата ќерка, снаа и внука.
За изработка на оваа венчаница биле потребни 1.926 часови, а она што псоебно ја истакнало биле 2.380.000 бисери кои биле нанижани на неа. Својот изглед за посебниот ден Пријанка ги потполнила со вел долг 22. метри и Џими Чу чевли изработени специјално за неа.
Невестата сакала со овој фустан да им одаде почест на најважните луѓе во нејзиниот живот, така што тимот на Ралф Лорен рачно го извезол, на венчаницата, името и презимето на нејзиниот сопруг – Николас Џери Џонас, датата на венчавката и имињата на нејзините родители Мада и Ашок. Во венчаницата исто така бил зашиен и дел од венчаницата на нејзината свекрва, мајката на Ник.
Лорен го дизајнирал и смокингот на младоженецот во кој зашил дел од венчаницата на Пријанка на кој биле извезени индиските зборови кои во превод значат „мојот живот“.
За да ги испочитуваат обичаите и на двете култури – индиската и американската, Пријанка Чопра и Ник Џонас имале две церемонии на венчавка.
За својата индиска венчавка Чопра блеснала во традиционалната сребрена лехенга. Како што налагаат обичаите невестата носела и многу накит.