(ВИДЕО+ФОТО) Дали е тоа ѕид од ајкули? Рајски остров чиј подводен свет крие прекрасна тајна!

Сивите гребенски ајкули се ноќни животни,па преку ден мируваат и собираат сила за ноќниот плен.И не, не се вегетаријанци, но исто така не ги напаѓаат луѓето.


Факарава е правоаголен корален атол долг 60. километри, а широк 21. километар кој се наоѓа во Тивкиот океан. Со површина од 1112 квадратни километри се смета за втор најголем остров во архипелагот Туамото во Француска Полинезија.


На прв поглед Факарава изгледа како секој друг рајски остров со песочни плажи и кристално чиста вода која повикува на капење. Меѓутоа, под неговата површина се крие фрапантнен свет кои посебно ги радуваат нуркачите.
Јужниот дел од островот е познат како Ѕид на ајкули бидејќи токму на тоа место се собираат овие животни. Поточно, се верува дека овој локалитет има најголема концентрација на сивите гребенски ајкули во светот.


Локалното население не ја избројало секоја единка, но се верува дека ги има повеќе отколку луѓе кои живеат на островот. Притоа треба да се знае дека на Факарава живеат 800. луѓе. За големиот број на сивите гребенски ајкули придонесува фактот дека од 2006. година се заштитен вид како и дека нивниот лов е забранет.



Сивите гребенски морски кучиња се ноќни животни, па преку ден мируваат и собираат сили за ноќната потрага по плен. И не, не се вегетаријанци, но исто така не напаѓаат луѓе. Поради тоа и не чуди што ова место е популарно меѓу љубителите на нуркање.
Како изгледа кога ќе нурнете во Факарава погледнете во видеото на Great Big Story.

Фото: depositphotos.com

Извор:punkufer.hr

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …