Водителот на Си-Ен-Ен зборувал за прославата на приврзаниците на Бајден и истакнал дека е добро што скоро сите носат маски, освен кога пијат вода.
Додека го зборуваше ова, околу него имаше луѓе без маска, кои не држеа физичка дистанца.
Да потсетиме, на истата телевизија денес тие плачеа од среќа откако ја прогласија победата на Џо Бајден…
Телевизијата Си-Ен-Ен објави дека Бајден победил и во Пенсилванија и дека е избран за претседател на САД.
Непосредно пред објавата на Си-Ен-Ен, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер прогласи „убедлива победа на (претседателските) избори“.
ТВ-мрежата тврди дека Бајден го освоил мнозинството во Пенсилванија, односно 20. изборни гласови и сега има 273 гласачи.
За победа на изборите потребни се 270 од 538 изборни гласови.
Коментаторот на Си-Ен-Ен, Ван Џонс, исто така плачеше од среќа.
Многу објективно и неутрално.