Куќата има совршена клима за живот на луѓето и растенијата, а при тоа се затоплува и се лади …
Една мала куќичка во Австралија е нешто посебно! Вселенскиот брод (како што го нарекуваат овој дом) е самостојна зграда која користи комбинација на модерна технологија, супер паметна технологија која користи сончева светлина и мноштво рециклиран материјал од кој е изградена.
Оваа навистина импресивна куќа од 17 метри квадратни ја изградиле Мартин и Зои, како пример за секој што сака да гради користејќи природни материјали.
Оваа куќичка користи соларна енергија, собира дождовница, ја филтрира и ја користи во секојдневна употреба. Куќата има и подземни цевки преку кои е спроведено природно ладење.