(ВИДЕО) СО ГОЛИ РАЦЕ НА РАЗЈАРЕН ПИТ БУЛ: Кучето веќе држело дете (4) за врат – Бразилецот пристигнал во последен момент!

Дваесетгодишниот Патрик до Сеу истрчал на улица за да спаси дете од пит бул, кој го нападнал.
Со голи раце го туркал кучето од себе се додека не успеал 4.годишното дете да го стави на покривот на автомобилот.
Безбедносните камери го фатиле моментот кога кучето го нападнало 4.годишниот Жоао Педро на една од улиците на Рио де Жанеиро. Пит булот го гризнал детето по рацете и нозете и почнал да го влече по подот пред да го спаси Патрик. Покрај снимките на кои се гледа застрашувачкиот напад врз дете, се покажало и дека еден млад човек трчал кон нив за да го спаси момчето. Подоцна, за локалните медиуми, Сеу изјавил дека во тој момент мислел само на неговата 2. годишна ќерка.


“Замислував дека тоа е моја сопствена ќерка. Таа има само две години, но таа е со иста висина. Кога видов што се случува, бев убеден дека е таа, и инстинктивно реагирав. Кога го повлеков кучето од момчето, видов дека тој ги зарил забите во неговиот врат“, рекол Патрик, истакнувајќи дека не се смета себеси за херој. Кога кучето се концентирало на него, откако му било одземено детето, самиот младич се качил на покривот на автомобилот за да избега.
Патрик и Жоао морале да чекаат половина час на покривот на автомобилот пред да пристигне помошта. Дадилката на момчето изјавила дека кучето одеднаш се појавило и го нападнало момчето.
И’ двајцата се здобиле со полесни повреди, а рацете, нозете и вратот на детето му биле изгризани. Бидејќи кучето немал чип, не е познато кој го поседува. Кучето во моментов е под надзор кај блискиот ветеринар, пренесува Дејли Меил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Совршени денови“ – Филмот на Вим Вендерс номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм 2024 вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм …