(ВИДЕО) За раскошна венчавка „искеширале“ 30.000 евра, за потоа да дознаат дека НЕ ​​СЕ ВЕНЧАНИ: Младенците ги откриле ДЕТАЛИТЕ, еве кој е виновен за се!

Пар потрошил 30.000 евра на свадба, а потоа откриле дека не се во брак, а нивната приказна ги насмеа луѓето ширум светот!
Мадалин Баучер и Бил Смитли, пар од Америка, потрошиле околу 30.000 евра на својата гламурозна венчавка. Свадбата ја организирале пред повеќе од два месеци, но пред неколку дена дознале дека всушност воопшто не се во брак!
– Воопшто не сме во брак. Потрошивме 30.000 долари и очигледно не на свадба, туку на скапа забава – открила Баучер во видеото на TikTok.

@maddyboucherxxx Haha if you need me I’ll be at the courthouse…🤪 #marriage #weddingtok #fyp #4u #foryoupage #weddingfail #whatthehell #failedattempt ♬ original sound – Madalyn Boucher


Што се случило?
Имено, дедото на невестата бил матичар и ја организирал целата свадба. Но, тој целосно заборавил да ја однесе нивната дозвола за брак во локалната општина.
– Ова е дозвола за брак. Требаше да биде испратена до судот да ни го легализира бракот, но истече пред девет дена! Така е кога матичар е вашиот дедо – заклучила жената на TikTok.
Видеото набрзо стана вирално, а под него многубројни се хумористичните коментари. Некои од најинтересните за оваа необична ситуација гласат:
Па, така мислел и дедото: „Еден ден ќе ми се заблагодари за ова…“

Дедото знаел што прави!
Бидејќи неочекувано нивната приказна стана популарна на социјалните мрежи, неколку часа по објавувањето на првото видео, парот се огласил и објаснил дека се уште се во среќен брак, без разлика на лиценцата.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …