(ВИДЕО) Во шеговито видео – Холандски блогер за патувања наведува што „не смеете“ да кажете при посетата на Балканот: Еве што советува тој!


Холандскиот блогер за патувања Лук Патрик Хугмоед објавик хумористично видео во кое ги наведува работите што никогаш не треба да ги кажете кога патувате на Балканот.
Тој изјавил дека многупати патувал на Балканот и дека тој станал негов омилен дел од Европа поради неговите „убави луѓе, безбедни градови, недопрена природа и топла култура“.
Сепак, тој истакнал дека има некои работи што треба да избегнувате да ги кажувате при посетата.
„Кога и да сте во Србија или Хрватска, само договорете се со луѓето таму за националноста на Тесла. Каде и да сте, не кажувајте дека бил Американец…“, изјавил тој како прва точка.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Patrick Hoogmoed (@lukepatrickh)


Тој тогаш нагласил дека Балканот не е најдобро место за да не се јаде месо.
„Ако кажете ‘Јас сум веган’, можеби ќе добиете чудни погледи. Земете го сето тоа со резерва, се разбира, ништо лошо нема да ви се случи ако сте веган“, рекол тој.
Лука вели: „Никогаш не прашувај некој од Балканот дали зборува руски. Тоа ќе ве убие…“.
„Како некој кој не пие алкохол, од прва рака го доживеав шокот што луѓето го чувствуваат кога ќе им кажам дека не пијам. Нивните лица само зборуваат за чист шок“, продолжил тој.
Тој истакнал дека треба да бидете внимателни ако го споменувате Косово, особено во Србија и Албанија.
„’Не сакам фудбал’. Тоа е исто така забрането во овие краишта. Само преправајте се дека ви се допаѓа и ќе добиете дополнителни поени ако го знаете локалниот тим“, рекол тој, истакнувајќи дека на видеото не е прикажан натпревар од Балканот.


Друга работа што ја спомнал е неговото мислење за Тито: „Повторно, обидете се да внимавате на вашето мислење за човекот и за Југославија воопшто. Многу луѓе имаат драстично различни ставови за историјата, затоа имајте почит. И повторно, секогаш можете да прашате нешто. Балканците многу љубезно ќе ја објаснат својата историја.”

„Балканците се многу страсни и често се прикажуваат како ладни и луди пијаници, но не се (сите) такви, не грижете се“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од Католички Божик и за нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Денешното утро повторно во Македонија беше значително ладно и во поголем дел од Македонија и …